Многу постари сме отколку што мислевме

Нововоткриени фосили од Хомо Сапиенс открива дека науката досега утнуваше и околу местото и околу времето на потеклото на човекот. Вторава утка е ни помалку ни повеќе туку 100.000 години.

Во сушните планини на Мароко  се најдени досега најстари остатоци од нашиот вид чија старост се рпоценува на околу 300.000 години. Откритието е фрапатно со оглед на тоа што надлежната наука досега веруваше дека човекот е стар 200.000 години и потекнува од Етиопија.

Во планинска пештера, заедно со други артефакти, пронајдени се фосилни остатоци од три возрасни лица и едно дете а нивната старост е утврдена со помош на техниката наречена термо-луминисценција која го мери нивото на акумулирана радијација во артефактите.

На ова поле, науката е далеку од консензус. Пред скоро време, се појавија две сериозни научни студии кои тврдеак дека човекот всушност не потекнува од Африка туку од балканските простори и Медитеранот.

Ние овде така и се осеќаме. Не горди, туку стари.

9 јуни 2017 - 13:37