Марс да почека да се залепиме

НАСА реши да ја одложи следната мисија на Марс. Еден битен дел не им дихтува.

НАСА донесе одлука дека нема да може да ја поправи грешката на леталото за следната мисија на Марс, планирана за март догодина.

Проектот се одложува за 2018-та бидејќи поволни позиции меѓу двете планети за упатување летало се случуваат на 28 месеци.

А проблемот е што сеизмографот на апаратурата планирана да шета по Марс и да ја проучува почвата не бил добро заштитен, односно гумичката не држела, односно не се прописно изолирани трите сензори на сеизмографот.

И тоа не можеле да го поправат до март.

ИНаку, целата таа мисија вкупно чини 675 милиони долари од кои досега се потрошени 535 милиони.

Ама ете, гумичката.

23 декември 2015 - 18:37