Макс Закерберг доби писмо од родителите

Марк Закерберг и жена му ѝ пишаа писмо на нивната штотуку родена ќерка Макс дека ќе раздадат наоколу 99 посто од нивните акции во Фејсбук. Ние сувопарно ќе ви ги пренесеме фискалните аспекти на сторијата а за човечкиот момент, наш Дарко има еден преубав омаж на темата. 

Во отворено писмо до својата ќерка Макс која се роди пред една недела, нејзините родители најавија дека планираат во текот на своите животи во хуманитарни цели да дадат 99 проценти од својот удел во Фејсбук. Тој удел в моментов има вредиост од 45 милијарди долари.

Марк и Присила отвораат нова организација која ќе ги менаџира парите за "персонализирано учење, лечење болести, поврзување на луѓе и јакнење човечки заедници."

Во актуелната елита на Силициумската долина постои тренд ултра-богатите тајкуни да даваат огромни суми или делови од своето богатство за хуманитарни цели. Пред пет години Закерберг и неговата сопруга Присила Чан дадоа 100 милиони долари за подобрување на јавното образование на Њуарк, проект кој не зпомина баш славно за што пишувавме во статијата "Како заврши образовната донација на Закерберг од 100 милиони долари?"

Но, да се вратиме ние на новата тема:

Марк Цукенберг доби ќерка. Се вика Макс.
Тој и жена му одлучија во наредните години да ги поклонат на светот 99 проценти од акциите кои ги поседуваат во Фејсбук или 45 милијарди долари. Со една едноставна цел: Да раснеш во поубав свет, со поедуцирани врсници, со помалку заразни болести, со помалце врсници кои ќе бидат дискриминирани заради бојата на кожа или ќе се секираат како да платат кирија затоа што се синови и ќерки на емигранти кои дошле да студираат... си кажале се како што треба во нивното писмо.
Макс никогаш нема да има проблем со кирија. Нит ќе биде дискриминирана, нит ќе биде неедуцирана. Може ќе биде тотално спротивност од она што се нејзините родители има една германска поговорка вели ако дедото е трговец - внукот ќе биде уметник. Светот никогаш не бил пари. Никогаш!
Светот почива на визии од поети и пророци.
Кога велам поети мислам и на Тесла и на Да Винчи и на Мартин Лутер Кинг и на Ганди и на Зоран Ѓинѓиќ и на плеќите на многу знајни и незнајни јунаци - нивните биографии се поезија.
„..и волк ќе спие со јагне и... "како беше она на Пророкот Исаија стои во халата на Обединети нации. Тоа стои. Не стои никаков правен акт или закон или устав. Визија за поубав свет. За спас. За подобро место. За рај стои. Велат само два вида хартија го чачкаат човечкото срце. Лист поезија и лист пари.
Е има нешто посилно и од пари и од поезијата. Тоа го знаат само големи луѓе. Духовна аристократија, а не нит многу мудра или поетични нит богата со пари, Цел живот ме води таа мисла. Да правиш убави работи - од твојот живот од твојата биографија да создаеш поезија. Над парите - пари!
Ете тоа и купи Марк Цукенберг на ќерка му кога реши да ги даде сите пари - над парите пари!
Со здравје да си ги трошиш Макс! Среќна да си!

Дарко Лешоски, виа ФБ

2 декември 2015 - 08:43