Колку пари извадија луѓето што ставија на Лестер

Секој што заради инает или на пијано во август минатата година ставил 20 фунти на Лестер дека ќе ја освои Премиер лигата, вчера вечерта само што стана побогат за 100.000 фунти.

Откако во неделата му извади нерешено на Манчестер Јунајтед на гости, вчера Лестер чекаше да види што ќе се случи на Челзи - Тотнем. На Тотнем му одговараше само победа, на Лестер сè друго. Челзи - Тотнем заврши 2-2, Лестер стана шампион.

Од кладилницата Лендброукс за Бизнис Инсајдер изјавуваат дека кај нив имало вкупно 47 кладби пред почетокот на сезоната дека Лестер ќе ја освои Премиер лигата. Во тоа време коефициентот е 5000 спрема 1.

Од овие 47 кладби, 24 се уште се актуелни. При крајот од сезонава кладилниците почнаа да нудат откупување на тикетите со Лестер за одреден процент од вкупната добивка. Еден фан не додржа до крај, и во паника дека ќе ги изгуби парите предвремено го наплати тикетот од 50 фунти, и за него доби 72.000 фунти. Да ризикуваше до крај, добивката ќе му беше 250.000 фунти.

Лендброукс проценуваат дека за Лестер ќе исплатат околу 3 милиони фунти. Најмалата кладба на Лестер им е 10 пени (околу 8 денари), за што човекот ќе добие 500 фунти. Мноштвото кладби се на 5 и 10 фунти, за што добивката е 25 односно 50 илјади фунти.

"130 години примаме кладби и никогаш до сега не сме виделе да се случи ни приближно нешто вакво.

Ретко се гледаат 5000/1 шанси, а уште поретко гледаш таа да биде добитна. Ова е без преседан и без каква било споредба," објаснуваат претставниците на Лендброукс.

Ова е коефициентот на Лестер во текот на сезоната:
1 август: 5,000-1;
1 септември: 1,500-1;
1 октомври: 1,500-1;
1 ноември: 500-1;
1 декември: 66-1;
1 јануари: 16-1;
1 февруари: 7-1;
1 март: 3-1;
1 април: 4-7.
25 април 1-16

3 мај 2016 - 10:40