Колку домашна е премногу домашна?

Добра вест - не е важно на тинејџери да им дадеш едно брдо домашна, важно е сами да ја изработат и редовно да ја работат. Временски, ова не би требало да надминува еден час на ден. Лоша вест - овој еден час е само за домашна по математика и физика.

Студијата ја прават од Универзитетот во Овиедо, и во неа анализираат 7.725 ученици со просечна возраст од 13,7 години.

"Нашите податоци покажуваат дека не е неопходно на учениците да им даваш големи количества домашна, меѓутоа важно е овие задачи да бидат систематски и редовно давани, со цел кај нив да се всадат работни навики и да се провмовира автономно, само-управувано учење. Податоците покажуваат дека трошење 60 минути на ден на домашна задача е разумно и ефективно време," објаснуваат ко-авторите на студијата.

Што се однесува до професорите тие во просек давале по 70 минути домашна на ден, а добар дел биле и меѓу 90 и 100 минути. Било заклучено дека ова е границата кога резултатите од домашна почнувале да го губат својот ефект, и дека ништо над 70 минути не е ефикасно.

За самостојното решавање на задачи било заклучено дека оние кои работеле под 70 минути но со помош резултатите им биле во горните 50% од листата. Додека оние кои се во рамките од 70 минути ама без помош, имале резултати во горните 30% од листата.

"Заклучокот е дека кога е во прашање домашна задача, како е поважно од колку многу. Кога ќе се земат предвид трудот и автономното работење, станува неважно колку време се троши," објаснуваат истрачувачите.

30 март 2015 - 09:56