Кога нема, нема ни за БМВ

Од една страна комплетна идиотштина е да му ги запалиш сите залихи со храна на тркачкиот тим на БМВ затоа се увезени, а ти не дозволуваш увоз на храна од Запад. Од друга страна, не знаеме како би реагирал Западот ако тркачкиот тим на Лада со себе си понесе пола камион забранета храна.

Руската агенција за храна запали 1,5 тон храна увезена за тимот на БМВ кој учествува на ДТМ трки во Москва. Палењето следува заради прекршувањето на контра-санкциите кон западните производи.

Храната била уништена во Псков регионот, на околу 750 километри северо-западно од Москва.

Официјалното објаснување од агенцијата е дека таа "решила да ја заплени стоката при една проверка заради големо прекршување на санитарните правила."

Пред ова, во средата, руските власти веќе уништија речиси 800 килограми храна најдена во автомобил кој пренесувал опрема за трката.

Програмата за уништување на храна започна на почетокот од август и е доста успешна како во уништување на храна така и во гневење на народот.

28 август 2015 - 14:18