Климатската конференција во Париз ќе емитува 260.000 тони ЦО2

Официјалното име на конференцијата е "United Nations Framework Convention on Climate Change twenty-first session of the Conference of the Parties and the eleventh session of the Conference of the Parties serving as the meeting of the Parties to the Kyoto Protocol," наслов кој сосема оправдано ги заслужува сите 22.000 илјади официјални претставници кои ќе се соберат во Париз.

Под официјални претставници се опфатени преговарачите, делегатите, дипломатите и нивните помошници од 195 држави. Под ова не се опфатени НВО-а, компании, активисти, средношколци и огромниот број на новинари, "да играме конзервативно, вкупниот број на посетители би требало да биде некаде околу 50.000."

Сите овие луѓе треба некако да стигнат до Париз. Имајќи предвид дека ќе доаѓаат од цел свет, Ник Стоктон за Вајард во неговата "пресметка на салфета" добива дека просечната километража (со повратна карта) на присутните ќе биде околу 14.500 километри.

Неговата пресметка понатаму продолжува: ако за просечно превозно средство се земе Боинг 747 кој троши еден галон гориво (3,7 литри) на 26,5 километри, тогаш за 50.000 посетители ова ќе биде околу 27 милиони галони (102 милиони литри) гориво.

Согорување на 1 галон од горивото ослободува 9 килограми јаглерод диоксид во атмосферата, собрано за сите авиони од претходната пресметка, ова е околу 260 илјади тони јаглерод диоксид.

Веројатно поголемиот проблем со оваа бројка е што таа всушност не е така голема, односно таа (загадувањето од сите летања на авиони до и од Париз) е еднаква на 22 секунди глобална емисија на ЦО2, "ако на ова ги додадеш и две недели во хотели, таксија, еспреса, пецива и вина, веројатно ќе ја зголемиш бројката за половина секунда или така нешто."