Кампањата на Трамп никогаш нема да заврши

Американската инаугурација на претседател е замислена како моментот кога раскрстуваш со кампањата за твоето следно вработување и ја преземаш улогата на лидер на земјата. Ама како човек што толку добро си пројде за време на кампањата, да ја прекине кампањата.

Впечатокот на Атлантик е дека Трамп направи сопствена верзија на традицијата, па само ја презема функцијата претседател, без притоа да ја повлече, ниту пак барем малку да ја смири борбеноста на својата кампања.

"Уште првите часови на неговото претседателствување покажаа дека, под притисок од невиден отпор од јавноста, спротивставени прашања за неговиот легитимитет, потпирање на база која се води од партиски конфликт и се поголем грасрутс отпор, кампањата на Трамп нема да има крај," пишува Ван Њукирк.

Уште еден предзнак за Њукирк дека Трамп четири години нема да се симне од водење кампања се идентичните плакати, знаци, беџови и црвени капчиња од предизборната кампања што во петокот се појавија во публиката на инаугурацијата во Вашингтон.

На незапирливата кампања се надоврзува и говорот на Трамп на примопредавањето на функцијата, во кој тој ги повторува стандардните напади на политичката елита во Вашингтон, иако истата во моментот стоеше зад него. Без ни најмалку иронија, Трамп со грб свртен кон највисоките политички кругови на САД, изјави "Премногу долго, мала група во престолнината на нашата нација ги жнееше наградите од владеењето додека народот го сносеше трошокот за ова."

Процената е дека самиот Трамп мора да продолжи со кампањата бидејќи исто како што таа за време на изборите му помагаше да ги сокрие недостатоците во својата политичка платформа, за време на владеењето ќе послужи за наоѓање непријатели кои се виновни за неговите неуспеси.

"Една работа што Трамп добро ја научи на изборите е дека кампања базирана на константни баражи пред насобрани толпи - со малку факти и политики, ама многу галама и обвинувања - е прилично добар начин за одржување на кредибилитетот, дури и кога фактите се спроти тебе. Не консензус, туку привид на консензус е основата за легитимитетот кој му е потребен за да ја задржи власта. А тоа значи четири години кампања, и веројатно наоколу мавтање со уште некои бројки. Циркусот ќе продолжи," пишува Њукирк.

25 јануари 2017 - 11:19