Како Јапонците го "наместија" Нагасаки

На 69-годишнината од фрлањето на атомската бомба, поранешни вработени во железарата во градот Кокура, ја раскажува една од најдобро чуваните тајни од Втората светска војна за тоа како го спасиле градот и неговите жители, но притоа несвесно го жртвуваат Нагасаки.

Екипажот на e Bockscar кој ја исфрли Fat Man атомската бомба над Нагасаки

Оригиналниот план на Американците е на 9-ти август 1945-та да го бомбардираат Кокура, меѓутоа дента видливоста над градот е на минимум, заради што бомбардерите продолжуваат кон Нагасаки.

Откако претходниот ден слушнале за бомбардирањето на Хирошима, претпоставката на Јапонците била дека следна мета е Кокура заради фабриките за оружје во градот и околината. Целиот подвиг до сега се чувал како тајна од почит кон жртвите во Нагасаки.

Јапонскиот весник Маничи Шимбун ја објавува приказната на 85-годишниот Сатору Мијаширо, кој за време на Втората светска војна работи во фабрика за конзерви која е дел од железарата во Кокура.

Мијаширо раскажува дека откако слушнале на радио дека американските бомбардери се тргнати накај нив, тие околу главната печка ги наместиле бурињата со катран (кој е нус-производ при создавањето на железо) и почнале едно по едно да ги истураат во неа (горењето катран создава густ и црн чад). Откако потврдиле дека од оџаците излегува црн чад, сите работници се евакуирани во подземните скривници. Кога Мијаширо се вратил во своите канцеларии, тој на радио чул дека "Нагасаки бил нападнат со нов вид на бомба."

Истото го потврдуваат и американските документи. На 9-ти август во 9:55 бомбардерите веќе биле над градот и три пати по ред се обидувале да ги исфрлат бомбите, меѓутоа пилотите не можеле да ги видат метите бидејќи биле блокирани со "магла и чад." Потоа одлучуваат да се префрлат на резервната мета, Нагасаки, каде во 10:58 ја испуштаат атомската бомба (Fat Man).

29 јули 2014 - 10:07