Како е создадена идејата за "нормален" човек

Во 1796-та амбициозниот Адолф Кетле на 23-години го добива својот прв докторат по математика на Универзитетот во Гент. Идол на човекот му е Исак Њутон и сака да ја постигне неговата слава. Чувствува дека најдобар начин да стигне до таму е да фати да се занимава со астрономија, што во тоа време е водечка научна дисциплина.

Главно научно достигнување во овој период, на ниво на држава, е да имаш телескопска опсерваторија. Белгија го нема ова се до 1823-та, кога Кетле некако успева да ги натера холандските власти, тогашниот владетел на Белгија, да дадат претерано голема сума за изградба на ваква опсерваторија. Затоа што Кетле ги добива парите, тој и е назначен за нејзин директор. Додека се гради опсерваторијата Кетле патува низ Европа во посета на слични институции, каде собира знаење. Некаде пред крај на изградбата и на патувањата, во 1830-та, до него стига информацијата дека во Белгија започнала револуција и дека бриселската опсерваторија е окупирана од револуционерите.

Кетле неочекувано се наоѓа пред стандардните дилеми околу секоја револуција (колку ќе трае, дали новите ќе ги поддржат проектите на старите), и потребата да почне да се меша општествените работи, наместо досегашната изолираност во истражувањето на астрономијата.

"Тој наидува на еден очигледен проблем: модерното општество изгледа комплетно непредвидливо. Човековото однесување изгледа како да не следи никакви воочливи правила, исто како што универзумот изгледал дека е невозможно да се дешифрира пред да се појави Исак Њутон," објаснува Тод Роуз во Атлантик.

Во овој период тој доаѓа до идејата, наместо да ги открива шаблоните на функционирање на астрономијата, да продолжи со работа на истата тема, само да го смени правецот во идентификување на шаблоните на човековото општество и однесување. За негова среќа, ваквата одлука е во исто време со појавата на првите големи статистички податоци во Европа, кои доаѓаат од првите бирократии низ континентот.

Како прв човек што се зафаќа со прегледување на овие статистики, Кетле се користи со методологиите што ги учи во астрономијата, конкретно начинот на мерење на брзината на небесните тела. На кратко, затоа што основниот начин на мерење е толку непрецизен и на сите астрономи им дава различни резултати, тие одлучуваат да воведат нешто што нарекуваат "метод на просеци," во кој ги земаат сите мерки што дотогаш ги направиле, ги комбинираат и од нив вадат просек.

"Кога Кетле трга во својот поход, клучна одлука му е позајмувањето на методот на просеци од астрономијата и негово користење кај луѓето," пишува Роуз.

На почетокот од 1840-те Кетле анализира податоци за широчината на градите на 5.738 шкотски војници, што е "една најважните, студии на луѓе во историјата на науката." Тој ги собира сите мерки, и ги дели со вкупниот број на војници. Резултатот е нешто над 88 сантиметри (39 ¾ инчи). Ова е меѓу првите научно измерени просеци за која било човечка карактеристика.

Оваа бројка според Кетле претставува димензијата на градите на "вистински" војник - перфектно оформен војник без никакви физички мани или пропусти, како што природата тоа го предвидела.

По ова Кетле ја користи истата логика за целото човештво, тврдејќи дека секој од нас што не е просекот (а речиси никој не е) е фалична копија на космичкиот шаблон за човечките суштества. Шаблонот го нарекува "Просечниот човек," што во тоа време е комплетна спротивност на тоа како денес звучи дефиницијата, и ја означува чистата перфекција.

Тој почнува да ги пресметува сите можни човечки просеци на кои наидува, а по пат во својата опсесија со просеците го создава и Кетле индексот, денес познат како БМИ (да, се мерите по просеци од 19-ти век). Според него секој од овие просеци "ги преставува скриените квалитети на Просечниот маж."

"Бидејќи концептот на Кетле за Просечниот човек изгледа како да го наметнува посакуваниот ред во се поголемиот хаос од човечки статистики додека истовремено ја валидира природната човекова желба за стереотипи, не е ни чудо што идејата толку брзо се шири...

Создавањето на Просечниот човек го обележува моментот кога просекот станува нормала, индивидуата станува грешка, а стереотипите се валидираат по научна основа. Овие претпоставки ќе создадат генерации родители загрижени дека нивните деца нема да се развијат според просечните мерки, и ќе вознемират секого чие здравје, социјален живот или кариера отстапуваат од просекот," објаснува Роуз.

27 февруари 2016 - 16:55