Како е да се лета со "Апартман класа" (за 18.400 долари)

Во 2008-ма, Сингапур ерлајнс ја воведува Апартман класа, најлуксузната комерцијална класа за летање. Апартманите се ексклузивно достапни само во Ербус 380, и добиваш многу повеќе од кревет и приватна кабина во авион.

Внатрешноста е дизајнирана од францускиот дизајнер на луксузни јахти Жан-Жак Кост и е составена од рачно шиени италијански кожни фотељи и првиот двоен кревет во авион.

Човекот што ја пишува рецензијата пред неколку денови летал од Сингапур за Њујорк, а картата чинела 18.400 долари.

- На тргнување, на аеродромот во Сингапур, не одиш на регуларните шалтери за чекирање бидејќи Сингапур ерлјанс имаат посебен лаунџ за чекирање на патниците од прва класа и од апартманите.

- Не ти мерат колку багаж носиш.


- Со картата добиваш покана за приватна соба, која според персоналот "е повисока и од прва класа."


- "Кога дојдов таму ми пристапи стјуардеса и ме праша дали може да ме испрати до Приватната соба. Тргнав по неа. Минавме низ просторијата каде што беа патниците од бизнис класата. Таа одеше забележително брзо, како да се плаши дека ќе ми се згади од присуството на работничка класа. Тука ме превзема друга стјуардеса со која минав низ просторијата за првата класа, и по ова ме префрлија кај сосема трета стјуардеса.

... Конечно стигнав во Приватната соба."

 

- Ова е приватната соба (на влегување персоналот го поздравува со неговото полно име и презиме, без претходно да се има запознаено со нив):

 

- Додека чека полетување, нарачува за јадење (влезено во картата):

 

- Од таму трга кон авионот. Ова е неговиот апартман (има опција да се спои со соседниот апартман и да направи дупли кревет):

 

- За добредојде го пречекува чаша Дом Перињон и примерок од секој можен весник што го имаат на авионот:

 

- Освен оброците, на располагање има секаква мултимедијална забава, плус Салваторе Фергамо комплет за тоалет (креми, баслам за уста и цело шише парфем):

 

- Сè останато е Живенши - ќебиња, перници, папучи и пижами.

 

- Во 1 часот наутро, нарачува кафе. Бира Блу Маунтајн кафе. Во продавница цената му е 120 долари за 450 грама.

 

- По некое време доаѓа редот за оброк. Одбира вечера со 5 оброци. Кавијар и салата од рак (од ова зема и репете), паштета од гуска, рибја супа со нудли и десерт.

 

- По ова шета низ авионот и се враќа во апартманот за да си легне. Доаѓа стјуардеса за да му го намести креветот:

 

- Ова е тоалетот:

 

- За расонување (веќе се над Франкфурт) го добива ова:

 

- Па појадок:

 

- По ова се враќа во апартманот и легнува:

 

- Се буди за следниот оброк:

 


Стига во Њујорк, тука проблем му е што не сака да го напушти авионот.

 

1 октомври 2014 - 12:01