Каде се феминистките да ја одбранат Меланија?

Два дена по ред насловната на Њујорк пост (инаку поддржувачи на Трамп) беше со "ексклузивни" угол голи фотографии од манекенските денови на Меланија Трамп, во тоа време Меланија Кнаус. Наспроти досегашната пракса, сето ова мина без карактеристичната поддршка и гнев, пишува Лизи Крокер во Дејли бист.

Првата насловна на Пост, “Menage a Trump”, на која Меланија беше сликана со уште една манекенка, во неделата доби и продолжеток под наслов "The Ogle Office". Фотографиите се од 1995 од фотосесија за еден сега веќе затворен француски магазин.

Иако тргна да ја брани Меланија, Трамп околу сликите претежно збореше за себе па изјави: "фотографиите се направени за европски магазин пред јас воопшто да знам за Меланија," и дека "во Европа овие фотографии се многу модерни и чести." Еден од советниците на Трамп изјави дека фотографиите се "прослава на човековото тело," и дека "таму нема ништо за срамење".

"Меѓутоа каде е феминистичката одбрана на креативното и сексуално изразување на Меланија? Зошто Лена Данам и нејзините соборци за промоција на позитивност на телесната фигура не се огласија на Твитер? Зошто Ејми Шумер не го прозва Пост за евтиниот удар против Меланија? Каде е голото селфи за солидарност на Емили Ратајковски?

Со исклучок на Патриција Аркет, која уште во понеделникот наутро застана на страна на Меланија на Твитер, имаше недостиг на проминентни феминистички гласови околу препакуваните голи слики," пишува Крокер.

Објавата на фотографиите доаѓа во време кога Доналд Трамп е во јавна расправија со родителите на загинат муслимански војник, и по изјавата дека Русија треба да го хакне приватниот меил сервер што Хилари го користела додека била државен секретар на САД, како и плагијатот во дел од говорот на Меланија на републиканската конвенција.

Во вакви околности неколку медиуми ја разгледуваа опцијата дали фотографиите се обид на кампањата на Трамп да го прекинат посебно лошиот циклус на вести во кои се најде нивниот кандидат, заради што Меланија е подметната како жртва.

"Фотографиите во Пост помалку изгледаа како обид да се понижи Трамп, отколку како обид да се понижи г-ѓа Трамп. Не е дека голите фотографии сами по себе се срамни, туку тоа што Меланија продолжува да служи како жртвено јагне за непромислената претседателска кампања на нејзиниот сопруг.

Ова е само уште една причина за проминентите феминистки да проговорат за невкусната насловна страна на Пост. Можеби ова го немаат направено затоа што самата Меланија не е феминистка, барем не јавно. Може ли ова да е зошто феминистките не тргнаа во одбрана на жена која не е дел од нивното племе, посебно кога жената е трофејна сопруга на еден од најнесаканите претседателски кандидати во историјата?

Секако Данам и другите ќе бидат гневни ако Пост објави голи фотографии од Иванка Трамп, која барем се бори и застанува на страната на жените во нејзините говори, иако тоа го прави додека ветува дека нејзиниот гротескно шовинистички татко ќе ја направи Америка повторно голема.

Меланија Трамп, за разлика, е празноглава намонтирана со вештачки цицки и има богат маж. Или барем тоа е сликата за нејзе што ни ја продаваат. Г-ѓа Трамп искористи малку шанси за да го покаже спротивното - па затоа Лените на светот не се многу заинтересирани да застанат во одбрана на Меланиите на светот," пишува Крокер.

3 август 2016 - 11:42