Каде оди бесплатната храна што ќе остане од компјутерџиите?

Фуд Ранерс од последната конференција на Селсфорс во Сан Франциско спасуваат 4.000 недопрени ланч пакети, претходно од компаниски ручек за 140 вработени, тие спасуваат 75 бурита. Аирбнб на последната конференција за вработени на масите оставаат 840 килограми храна.

Бројките на Аирбнб се попрецизни бидејќи компанијата ги ангажираше луѓето од Фуд шифт (непрофитна организација за намалување на гладта) да ја менаџираат останатата храна. Само од еден ден од појадок и ручек, тие спасуваат 341 килограм вишок храна, од која 62 килограми палента, 35 килограми тофу, 70 килограми јогурт, 7 килограми сланина и 4 килограми маскарпоне.

По бројките од Фуд ранерс, тие моментално добиваат доволно храна за да донираат меѓу 17 и 18 тони храна неделно, од овој вишок околу 50% доаѓаат од технолошките компании (работат во Сан Франциско и околината). Слични бројки имаат и нивните "конкуренти" Пенинсула фуд ранерс, според кои 70% од вишокот храна им доаѓа од технолошките компании.

Еден од најголемите играчи во индустријата со кетеринг во Сан Франциско е Бон Апетит менаџмент, компанијата која ги работи кафетериите на Гугл, Твитер, ЛинкдИн. Пред една година тие вработуваат специјалист за отпад, кој во овој рок успева за два пати да ја зголеми количината на "спасена храна." Само за годинава, корпоративните клиенти на Бон Апетит имаат донирано 26.746 килограми храна.

26 ноември 2015 - 16:01