ИТ човекот на нарко-картелите

Фелипе Дел Хесус Перез Гарсија е киднапиран во северо-источно Мексико во март 2013-та. Човекот е архитект кој работи во телекомуникации, конкретно на барање локации и поставување базни станици за мобилна телефонија. Никој не побарал откуп за Гарсија, ама неговите и по 2 години некако се сигурни дека тој е жив.

Сопругата на Гарсија најдлабоко верува во теоријата според која тој е киднапиран од група софистицирани криминалци кои составуваат "хакерска бригада" задолжена за изградба и сервисирање на тајната комуникациска мрежа на нарко-картелите. Таа ова го базира на анализи на повеќе киднапирања во регионот, каде од 2008-ма до сега се киднапирани речиси 40 ИТ специјалисти.

Првите извештаи за исчезнати работници на мобилни мрежи во северо-источно Мексико се појавуваат околу 2009-та. Во јануари 2009-та исчезна инженер кој работеше во градежна компанија поседувана од мексиканска и американска компанија. Таа година во ист ден беа киднапирани 9 работници на мобилна мрежа. Во 2011-та исчезна инженер на ИБМ. Во овие статистики не е влезен, ниту пак се знае бројот на непријавени киднапирани хакери и други ИТ специјалисти.

Главни осомничени за ова се Картел дел Голфо и Лос Зетас, кои функционираат во регионот. И двата картела се знае дека поседуваат сопствени енкриптирани радио мрежи за да можат да комуницираат без властите да ги прислушуваат. Овие мрежи можат да пресретнат разговори од полициските и армиските мрежи.

Во напад на Зета картелот во 2011-та, мексиканската армија запленила 167 антени, над 150 репетитори, 1.450 радио-станици и 1.300 мобилни. Системот бил контролиран од околу 70 компјутери. Во 2012-та армијата и морнарицата уништиле 7 антени и 20 репетитори во Сонора, 13 антени во Веракруз, и по уште неколку антени на 3 различни локации.

Остатокот од сторијата тука

4 март 2015 - 15:17