Исланд, земјата што ја изненади туризмот

Минатата година Исланд имал 5 пати повеќе туристи отколку што вкупно има население, заради што локалците се потешко успеваат да се справат со навалата.

Во бројки, Исланд има популација од 330.000, а лани овие луѓе дочекале, сместиле и угостиле 1,7 милиони туристи. Годинава оваа бројка ќе биде само поголема.

Туристичкиот бум почнува скоро, дури по финансиската криза од 2008, кога Исланѓаните го гледаат туризмот како еден од излезите од кризата. Заради што почнуваат со привлекување странци. Ситуацијата околу лавината туристи најпрецизно ја објаснува првиот човек задолжен за промоција на земјата "мислам дека никој не го очекуваше ова".

Свесноста на глобалната публика околу Исланд порасна и по неколку настани кои ја сместија земјата во глобалните вести, како финансиската криза и крахот на банките, по што беше сменета и власта, ерупцијата на вулканот кој го попречи авиосообраќајот низ богатиот дел од Европа, и успехот на исландската фудбалска репрезентација на минатогодишното Европско првенство.

На страна вестите, и кампањата, она што најмногу им заврши работа е воведувањето на евтини авио-карти до Исланд од Европа и САД. Само во 2016 бројот на луѓе кои минале преку аеродромот Кефлавик пораснал за 40% проценти од 5 на 7 милиони. Аналитичарот од Оксфорд економикс, Дејвид Гудер, објаснува дека позиционирањето на Исландер, и воведувањето голем број директни летови до и од Исланд, го овозможи приливот на туристи, кои најчесто решаваат неколку дена од својот одмор да го потрошат на островот. Сличен трик употребија и Дубаи и Сингапур.

Целата репортажа тука

24 февруари 2017 - 14:03