Индустријата на искачување на Монт Еверест

Шерпас во просек заработува по 125 долари од искачување со легален товар (околу 9 килограми), и тоа ова е просечен, ниту добар, ниту лош шерпас, а тоа што го имаш него не значи дека не треба да земеш и водич низ планината. И тука има од – до цена.

"Има две рути до врвот, и тие станаа тотално окупирани од комерцијални експедиции, кои нудат пакет искачувања за богатите Западњаци на кои им веруваат дека 'дека ќе ги качат највисоко што можат.' За ова, освен пари се што се бара од тебе е да се појавиш таму.

Секоја голема планинска експедиција ќе чини многу пари, и тоа ако се земат во предвид само патувањето и опремата. Индустријата за искачување на Еверест е поинаква: таа ја зема финансиската бариера за започнување на експедицијата и го претвори ова во луксузна стока," пишува Мајкл Бирн за Вајс.

"Соло" качување е 24.000 долари, со вклучени трошоци за користење на јаже и скали на која било од патеките, и лиценцата за качување од 10.000 долари (и Непал и Тибет наплаќаат иста цена). Во исто време комерцијална експедиција чини од 30 до 100 илјади долари по човек.

Во трошоците што треба да ги имаш во предвид се:

- дозвола за качување
- офицер за врски
- осигурување
- шатори
- храна
- гориво

На ова плус е 10.000 долари ако ангажираш водич од Западот, патните трошоци се околу 5.000 долари, опремата е 7.000 долари.

22 април 2014 - 15:43