Елон Маск предизвик

Или ќе добиете струја или гага ќе ви ја направам

Предизвикот на основачот на Тесла е дека во рок од 100 дена во Јужна Австралија може да изгради систем за складирање електрична енергија со капацитет од 100 мегават часови, со што би се решиле проблемите со тамошната електрична мрежа. Ако не го стигне рокот, ветува дека работата ќе ја заврши за беспари.

Во разговор со австралиските медиуми, потпретседателот на Тесла за енергетски производи, Линдон Рив, изјавил дека компанијата може да постави батерии со вкупен капацитет од 100 до 300 мегават часови, кои се потребни за да се спречат курцшлусите во електричната мрежа кои предизвикуваат помрачување во сојузната држава.

Во петокот еден од австралиските претприемачи од Силициумската долина му твита на Маск дали неговиот потпретседател е сериозен околу понудата.

Одговорот на Маск е дека Тесла може да го постави и вклучи системот во рок од 100 работни денови од потпишувањето на договорот.

Сенаторката од Јужна Австралија, Сара Хенсон Јанг, на Маск му одговара со "Ајде да разговараме!"

Тесла неодамна во Јужна Калифорнија завршија со инсталација на систем батерии со капацитет од 80 мегават часови во рок од 90 дена, која чинеше 100 милиони долари.

Проблемите со електричната мрежа во Јужна Австралија започнуваат уште минатиот септември, и моментално се во фаза на политички расправии околу минатите енергетски политики на локалните власти. Според федералната влада, за проблемите виновна е самата сојузна држава, кој премногу се потпирала на обновливи технологии.

11 март 2017 - 12:15