Икс Фактор за секс

Исто е како за Икс Фактор, само што наместо бескрајни фалшови, 8 мажи и 8 девојки ќе имаат многу секс пред народ натпреварувајќи се за шансата да станат меѓународна порно ѕвезда и за бонус од 1 милион долари. Еден од главните предуслови за да се пријавиш - никогаш до сега да не си снимал порно.

За сега знаеме дека има 4 судии: Тори Блек, Киран Ли, Лекси Бел и Реми ЛаКроа; eдна специјална дописничка: Бел Нокс; и водителката Аса Акира. Како и на регуларниот Икс Фактор, судиите освен што ќе треба да судат имаат и задача да ги подготвуваат натпреварувачите, "вадејќи го најдобриот перформанс од нив."

"Тремата од прв ден на порно снимање може да се претвори во лош перформанс. Најголемиот дел од порно ѕвездите не се посебно горди на своите неколку први сцени (има крива на учење). Ова не е вид на секс каков што имаш дома и тоа е она што натпреварувачите ќе го научат од прва рака," пишува Аурора Сноу за Дејли Бист, притоа цитирајќи ја Тори Блек, која објаснува дека "Луѓето немаат поим што се случува зад сцените. Ова ќе им ги отвори очите на луѓето кои седат одма и на луѓето кои се натпреваруваат. Оние што ќе се пријават само за убаво да си поминат, има лошо да се изненадат. Работава е сериозен предизвик."

Киран Ли како единствено машко меѓу судиите, објаснува дека на Твитер е преплавен од прашања од мажи за тоа како да влезат во бизнисот. Негов совет е кандидатите пред се да не бидат арогантни, "туку навистина скромни," и да дозволат сцените да зборуваат за нив.

Во одредени аспекти и фановите ќе може да гласаат на шоуто (како на пример порно името), и заедно со судиите да ја изберат следната голема порно ѕвезда. По формат шоуто најмногу ќе наликува на Следниот топ модел, и во рок од 12 епизоди секој од натпреварувачите ќе мора да исполнува одредени предизвици "кои ќе стануваат се поексплицитни." По неколку епизоди ќе се започне со елиминација на натпреварувачите.

"Единствено прашање што треба да си го постават себе си е: Дали сум подготвен/а? Затоа што кога еднаш ќе снимиш порно, нема враќање назад," објаснува Сноу.

Може да се аплицира до 30-ти ноември.

24 ноември 2014 - 14:51