И мртви сме ѝ штетни на планетава

По сите математики и предвидувања, во следната деценија се очекува низ светот да умрат половина милијарда луѓе, "а не може да продолжиме да им ги набиваме ковчезите во Земјата."

Секоја година умираат десетици милиони луѓе. Дел ќе бидат кремирани, останатото преовладувачко милионско мнозинство ќе бидат закопани во придружба на железо, дрво и токсични течности за балсамирање.

Од еколошка гледна точка (оперирана од сочувство и слично), закопот (по американски стандарди) се сведува на ковчег од десетици килограми, и каква и да е постава во него (масовниот ковчег од махагони на Роналд Реган наводно тежел 180 килограми). Американската пракса е секој гроб да биде ограден со ѕид од цемент за што во просек се трошат 1,3 тони цемент, а некогаш се употребува и арматура. Кај балсамирањето соодносот е 1 литар течност на 5 килограми телесна тежина.

"Се на се собрано, имаш околу два тона материјал на едно тело.

Сега одзумирај. На секој од 7,4 милијарди луѓе што сега живеат на планетава, во просек има околу 15 мртви и закопани луѓе. Процената е дека од почетокот на човештвото до денес живееле околу 107 милијарди луѓе. Не знаеме колку од нив имале традиционален погреб, ама дури и ако само 10% од нив биле закопни во цементирана гробница во ковчег од махагони, тоа пак е колосална количина на здрави, биолошки неразградливи материјали кои се ставаат во земјата.

Еве што е работата: сечие тело на крај ќе се распадне, ковчегот и цементот и формалдехидот само го забавуваат процесот. Меѓутоа порано или подоцна, целото тело, (во многу поразлична агрегатна состојба), ќе заврши во водните резерви на местото каде што се закопани," пишува Макс Пленке за Мик.

Решението што тој го предлага е "зелен погреб," кој има најмало можно влијание на природата. Ваквиот погреб ја остава природата во речиси истата состојба како и претходно. Нема цементирани ѕидови, ковчегот е биоразградлив, а балсамирањето се врши со растителни течности. Надгробната плоча би била карпа или дрво кои се природни во таа средина.

Пленке разговара и со креаторот на Спиритри, концепт на кремирање во кој пепелот се става во специјална урна, која остатоците ги претвора во расадник за дрво (што до некаде е и добра основа за хорор серија).

Препораката му е – фино е да е паметат блиските, меѓутоа не мора да се наоѓаат толку трајни решенија за нивните гробници.

7 април 2016 - 11:19