Хакуна матата vs. интелигенција

Потенцијалот со денови да не спиеш и да се грижиш за најразлични работи е (некако) директно поврзан со одреден вид на интелигенција. Позитивно поврзан.

Студенти добиваат серија прашања и анкети кои треба да ги одговорат. Темите се движат од мерење интелигенција до стрес во животот и слично. Резултатите ги прегледуваат истражувачите од Лејкхед Универзитетот (Онтарио), и откриваат поврзаност меѓу тоа колку човек има грижа околу нешто и неговата вербална интелигенција.

Втора работа што ја откриваат е дека колку повеќе анкетираните биле опседнати со враќање на настаните во глава, толку пониско биле рангирани по основа на не-вербална интелигенција.

"Можно е дека луѓето со повисока вербална интелигенција да се способни подетално да ги разгледуваат минатите и идните моменти, што би довело до поинтензивно размислување и преживување. Поединците со повисока не-вербална интелигенција се подобри во процесирање на не-вербални сигнали од поединците со кои имаат интеракција во моментот, што доведува до намалена потреба за преработување на минатите социјални средби," објаснува првиот човек на истражувањето Александер Пени.

Она што сака да каже авторот е дека "вербално интелигентните се измачуваат од памтењето детали, додека оние кои се подобри во забележување на не-вербалните знаци можат да соберат повеќе информации во моментот и подоцна имаат помалку потреба да ги преработуваат и преживуваа настаните во главата."

19 декември 2014 - 10:24