Госпоѓица 300 денари

18-годишна девојка стана инстант онлајн сензација на мексиканските социјални медиуми, откако беше снимена како по сообраќајка сред бел ден се обидува да ги поткупи дојдените полицајци со 100 пезоси. Веднаш и закачија прекар Госпоѓица 100 пезоси.

Девојката, Лорена Даниела Агире, најверојатно во алкохолизирана состојба, удира неколку автомобили додека се обидува да избегне пешак со бебе во рацете.

Кога доаѓа полицијата, нејзина прва реакција е да им даде мито, и вади 100 пезоси од ташна (305 денари). Полицајците откако ја одбиваат понудата некако успеваат да ја натера да излезе од автомобилот и да ја испратат до патролната кола.

Речиси веднаш по објавувањето видеото станува вирално, а девојката добива свој хаштаг #Lady100pesos. Благодарејќи на нејзиниот изглед, Агире станува ултра популарна на мексиканскиот дел од интернетот.

Фејсбук страната која е креирана за нејзе за само неколку дена собра над 200.000 следбеници, а друга Фејсбук страна која тврди дека е на вистинската Агире има над 90.000 следбеници. И на двете страни е доста живо со коментари од критичари и фанови на девојката.

Меѓу информациите што се објавени на страните е дека Агире веќе добила понуда за соработка од Плејбој и ЕмТиВи, а некој веќе има изработено и Андроид игрица за Агире во која таа ги избегнува полицајците мавајќи ги со 100 пезоси.

Целото видео од настанот:

3 мај 2016 - 15:05