Големото пуштање вода

Портланд комплетно ќе испушти 143 милиони литри вода за пиење од големиот резервоар, откако еден тинејџер бил фатен како уринира во него. Ова не им е прв пат некој вака да им направи.

Празнењето е задолжително според основните начела на тамошното Биро за вода, кои налагаат дека негова задача е да обезбеди чиста и студена вода.

"А претпоставката за ова е дека немаме мочка во неа," изјавил администраторот на Бирото, Дејвид Шаф.

Во конкретниот резервоар се чува вода која веќе е обработена и од таму директно им се испорачува на корисниците. Генерално урината не е некој голем ризик - животните рутински го прават ова без да претставува опасност за јавното здравје, - само на Шаф не му се допаѓа идејата да пушти за користење вода за која знае дека намерно била загадена.

Истиот овој резервоар беше испразнет пред само 3 недели за редовното пролетно чистење, а слично вонредно, по сосема иста основа како сегашнава, празнење имаше во јуни 2011-та.

18 април 2014 - 12:18