Големата победа на Германецот

Мажите имаат право да уринираат стоечки и никој не може да им го забрани тоа, одлучи германскиот суд во една тужба по оваа основа.

Сопственик на стан од својот кираџија барал оштета од 1.900 евра затоа што уринирал стоечки и со тоа му ги уништувал мермерните плочки во тоалетот.

Судското мислење е дека однесувањето на кираџијата било во рамите на културните норми, заради што не може да го казни. Судијата се сложил со експертското сведочење дека киселината во урината може направила одредена штета на плочките, меѓутоа порачал дека мажите кои сакаат да стојат при мала нужда, не можат да се сметаат за виновни за колатералната штета.

"И покрај се поголемото припитомување на мажите, стоечкото уринирање се уште е честа пракса," порачал судијата.

Без разлика на случајов, во Германија има дебата дали мажите треба да седат или стојат додека уринираат. Дел од тоалетите по кафулиња и ресторани, имаат залепено знаци кои забрануваат уринирање во стоечка позиција. Од друга страна Германците исто така имаат и назив за мажите што седат при мала нужда - Sitzpinkler.

23 јануари 2015 - 12:07