Глобалните елити се пред крах, и немаат поим за тоа

Демократите и понатаму си повторуваат дека Хилари Клинтон е вистинскиот победник, Републиканците се тешат дека ја имаат контролата врз власта, а на центарот низ Западот му олесни откако пресметаа дека Макрон најверојатно ќе победи во вториот круг на претседателските избори во Франција. А не се свесни колку грешат, пишува Дејмон Линкер во Вик.

Тие се уверени дека нема потреба да се загрижени и дека без разлика колку е проблематичен популизмот, тие се добри во негово ограничување, а и не дека тој ќе издржи уште долго.

"А зошто па да не мислат вака? Тие самите ја имаат најголемата корист од глобалната меритократија. Живеат во или околу урбани центри кои цветаат со вработувања и бизнис со технологија, финансии, медиуми и други полиња кои вадат корист од експертизата што тие ја стекнале преку образование во најдобрите универзитети низ светот.

Тие работат напорно и за тоа се наградени со високи плати, чести патувања, убави возила и најнови уреди.

Проблемот е што се поголем број луѓе - тука во Америка, во Британија, во Франција, и пошироко - не ги гледаат така работите. Или барем, тие го гледаат ова од надвор, позиција од каде сето ова изгледа многу поразлично. Она што тие гледаат е систем кој во својата основа е неправеден, наместен и преполн со корупција и злоупотреба на позицијата во лична корист.

Тие ја гледаат Мариса Мајер, ЦЕО-то на Јаху, која заработи 186 милиони долари во акции (плус плата и бонуси) за пет години 'претежно неуспешна' работа.

Го гледаат Енрике Де Кастро, кој кратко време работеше за Мајер во Јаху, заработувајќи 109 милиони долари за катастрофални 15 месеци работа.

Го гледаат поранешниот претседател од демократите, Барак Обама како со сопругата дели хонорар за книга од 65 милиони долари, заработувајќи по 400.000 долари од говор што треба да го одржи за инвестициска банка а во меѓувреме патува низ светот со Спрингстин, Опра, Том Хенкс и Боно.

Во Вашингтон тие гледаат актуелен претседател кој вети дека ќе работи во корист на народот а именуваше цела листа милионери и милијардери на највисоките позиции.

Гледаат Бела куќа и Конгрес што се мачат да истуркаат закон за здравствена заштита кој ќе остави милиони без здравствено осигурување. Гледаат претседател што предлага драстично намалување на корпоративни и персонални даноци, додека анкетите покажуваат дека најголемата забелешка на даночниот систем е што корпорациите и богатите не плаќаат фер удел.

И вака изгледаат работите во овој момент од историјата: светот е управуван од меѓународна елита која живее во оддалечен свет на наизглед неограничена моќ и луксуз. Иако членовите на оваа елита сметаат дека нивната лична моќ и луксуз се комплетно легитимни, тоа не е така. Тоа е производ на систем кој е наштелуван во нивна корист додека сите останати страдаат во запуштени мали градови и провинциски гратчиња, борејќи се за каква било егзистенција, трошејќи ги своите животи на бесмислени работни места...

... Ова не може уште долго да трае. Со вакво темпо, немајте сомнежи: глобалната елита ќе пропадне," пишува Линкер.

28 април 2017 - 11:49