Еволуција на срамењето луѓе

Стоматолог убива лав, директорка за комуникации испраќа неразумен твит пред својот лет за Африка, Доналд Трамп проговорува што било, во сите овие случаи "интернетот се претвора во дервишот на правдината, гневот и бруката." На постојните две објаснувања на феноменот има и трето според кое станува збор за - казнување од третата страна.

Толкувањето е на Џилијан Џордан од Јеил, според која казнувањето од трета страна се случува кога ние ги казнуваме луѓето кои имаат лошо однесување и ги нарушуваат социјалните правила, дури и ако нивните постапки не влијаат директно на нас.

Прашањето е - зошто воопшто да се малтретираш со некој што ти нема директно наштетено?

Едно од објаснувањата е дека ова помага да се забетонира човековото општество со наметнување на правила и одвраќање од себичноста и од лошото однесување. По оваа основа групите кои го практикуваат ваквото казнување би требало да имаат поголем успех од оние кои не го практикуваат.

Ова не објаснува кој е ќарот за поединецот, односно зошто кој било би седел и би оставал други луѓе да казнуваат? Разработувајќи го срамењето на интернет, Џордан објаснува "како што почнав да размислувам околу луѓе што ги знам а се вклучени во делење правда на социјални медиуми, сфатив дека има многу расфрлање со морал кој изгледа како да е фокусиран на комуницирање на нивната лична позиција."

Заклучокот зад сето ова е дека можеби логиката е: дека ако јас сум подготвен да казнам некого за себичност, тебе ти е јасно дека јас нема да се однесувам себично кон тебе.

25 февруари 2016 - 15:30