ЕУ не планира да и даде тајм-аут на Британија

Додека е можно дека на Британија ќе и треба време за да ги пофати сите конци по изборите со кои Тереза Меј сама себе се изненади, сосема е сигурно дека ЕУ тоа нема да ја интересира во однос на крајниот рок.

Пораката на Доналд Туск од утринава е: "Не знаеме кога почнуваат преговорите за брегзит, ама затоа знаеме кога мора да завршат."

На до сега утврдениот датум стои и главниот британски брегзит преговарач, Мајкл Барнер, кој изјави дека временската рамка и ЕУ позициите се јасни. Ова значи март 2019 останува крајниот рок за британското напуштање на ЕУ.

Ваквите рокови значат дека Британија има 18 месеци фора да формира влада и да го договори брегзит. Според членот 50, двете страни имаат рок до крајот на есента 2018 да ги договорат сите спорни прашања.

Остатокот од времето до 03/19, е за преговараното да се спакува во договор, па договорот да биде изгласан од двете страни.

9 јуни 2017 - 13:55