Двајца браќа

7-годишниот Кајден Лонг е роден со церебрална парализа и не може да оди, трча, плива или да вози велосипед, ама затоа го има брат му Конер.

Конер кој е 2 години постар е сериозно заинтересиран за спорт и тоа во најголемиот дел за спортови во кои може да учествува и неговиот брат. Тој цели денови го вози Кајден во приколка на својот велосипед, или го турка во детска количка кога оди да трча.

На натпревар во детски триатлон, Конер ја завршува целата трка заедно со Кајден. Во првиот дел додека плива го влече Кајден седнат во гумен чамец, потоа го става во приколка на велосипедот, за на крај со брат му во детска количка да ја мине целта.

"'Ако луѓето кои се натпреваруваат ги земаат со себе оние кои не можат да одат или да зборуваат, или кои имаат каков било вид на аутизам, тоа би можело да им ги отвори очите на оние кои не се грижат за овие работи,' изјавил постариот брат."

Кајден и Конер беа прогласени за Спортски деца на годината на наградите на Спорт Илустрејтед, на кои го оставија Леброн Џејмс без зборови.

12 јуни 2013 - 19:37