Дилери, помогнете ѝ на државата

За да го спроведе новиот закон за легализирање на канабисот во медицински цели, германската влада практично ги повика дилерите да помогнат во изградбата на ефикасен систем на дистрибуција. Ок, треба да имаат и факултет.

Законот беше изгласан при крајот на јануари, треба да стапи во сила во март, а во последно време се отвораат работни огласи за позиции што треба да помогнат во неговото имплементирање.

Еден од описите на ново работно место гласи вака:

„Планирање и организација на соодветно и ефикасно трансферирање на канабис во дистрибутивниот систем.“

Со други зборови, некој што знае како се пушта марихуана меѓу луѓе. Освен искуство во полето, потребно е да се има и факултет и да се зборува англиски јазик.

Законот, кој помина во Бундестагот, дозволува на сериозно болни пациенти - како што се оние што страдаат од мултиплекс склероза или хронични болки - на рецепт да добиваат медицински канабис, кој ќе им го покрива здравственото осигурување.

Германија планира да има надзор над одгледувањето на медицинскиот канабис, за што лиценци ќе добиваат и приватни субјекти.

9 февруари 2017 - 14:27