Дигање на американскиот војник

Во една буџетска ставка на американската одбрана постои графа "поддршка на трупите." А во неа, трошоци за купување вијагра и други подобрајзери на машката потенција. Голем пробглем, голема сума.

Американскиот департмент за одбрана лани потрошил преку половина милион долари за набавка на вијагра за американските војници. Поточно 504,816 долари, преку 60 договори со еден ист набавувач. Дополнително, нешто ситно е дадено и за купување Левитра и Циалис кои имаат иста функција.

Ваквата поддршка за американските трупи започнува во 1998-а година, кога една пилула Вијагра чинела 10 долари. Заради инфлацијата, денес истото чини 25 долари парче.

На војник со потреба од вијагра му следуваат 6 апчиња месечно. Во истиот програм за здравствено осигурување, освен вијагра, на американските војници им следуваат и пумпи за ерекција, импланти за пенис, протези за тестиси, хормонални инекции и други алатки за помош при еректилни дисфункции.

Педантни буџетски аналитичари пресметале дека со оваа набавка (земен во обзир максималниот ефект од 4 часа) биле обезбедени вкупно 80.770 часа, 33 минути и 36 секунди државно субвенционирани ерекции.  

7 февруари 2015 - 11:24