Дечкото што проба да биде касиер

Со потекло од семејство со горда историја на луѓе што се откажуваат, како дедо му кој по првото излегување од рударската јама го фрла шлемот и веќе никогаш не стапнува во лифт, така и главниот лик Петар Пауновиќ се пробува во професијата касиер. Оваа кариера ја завршува по 20 дена, и со длабоко разбирање зошто "касиерките секогаш се надркани".

Пауновиќ работи 20 дена, се разболува, добива боледување во траење од 10 дена, се враќа на работа и дава отказ. Текстот го пишува една година по отказот, и признава дека и ден денес не знае што е причина за неговото незадоволство.

"Имав сјајна шефица која знаеше да ме пофали, а имаше и совршен начин да ми упати критика. Колегите на работа беа сјајни. Муштериите ме сакаа, а мене неколку од нив ми беа симпатични. Ама не е тоа за мене," пишува Пауновиќ.

Тој идентификува 7 главни проблеми со работата на каса:

Прво, во продавниците работи многу помал број луѓе отколку што е потребно. Кога ќе видите некој како пие кафе и пуши пред продавница тоа обично значи дека 3 часа не застанал. Колку е помала продавницата толку процентуално има помалку работници отколку што е потребно.

Второ, муштерии, посебно тие што брзаат. Како најужасна врста ги наведува оние од типот "те молам се брзам, имам точно пари, дај ми ги кратките светло сини цигари... па после откуцај." Кога си касиер проблемот што има 101 врста цигари, што и кратките сини треба да ги пронајдеш, па да ги запамтиш дека си ги дал, па да ги додадеш на сметката кај другиот, а за сето тоа имаш две раце и еден мозок. Застани во ред како и сите други.

Трето, дожд.

Јас: Ве молам оставете го тука чадорот да не ви пречи.

Он: Нема гајле, не ми пречи.

Јас во себе: Ма гајле ми е дали ти пречи, тоа беше само фин начин да ти кажам да го оставиш тука чадориштето за да не ми капеш по продавница.

Во тој момент треба да мислиш дали да бришеш вода по продавница, дали да работиш на каса, или да полниш полици. Секоја капка значи!

Четврто, не сум само касиер. Во договорот може што било да ви пишува како позиција, ама исто така пишува и дека работодавецот може да бара од вас што сака, што е во рамки на работата. И тоа не е некаков хир на работодавецот, туку последица на првата ставка. Тоа за мене значеше дека во целиот рафт за кој што сум задолжен производите мораат да бидат подредени под конец. Исто така и да ја пазам тетратката со рокови, и секој рок да го запишувам и проверувам, за да не се случи на полици да остане нешто со минат рок.

Пето, платите се мизерија. Тамо каде што работев, платите успеваа да дојдат до 30.000 динари (нешто повеќе од 240 евра) и тоа ако работат за државни празници, кога платата се зголемуваше, затоа што сè беше по закон, а тоа е реткост. За овие пари работиш по 8 часа дневно, 6 дена во неделата.

Шесто, крадци. Треба цело време да ги пазиш, затоа што се што ќе снема во продавницата е наша одговорност и ќе ни биде одбиено од плата.

Седмо, парите. Работиме со многу пари и кога ве прашуваме за ситно тоа не го правиме затоа што ни е досадно, туку затоа што ни треба ситно. Нема ништо полошо кога сабајле ќе дојдете со 1.000-ка да купите леб и млеко. Тоа што ви враќаме кусур во 50-ки и 100-ки не е затоа што ве мразиме, туку тоа се ситните пари за кои се борела цела претходна смена. Кога ќе ја завршиме 8-часовната смена, пред да си заминеме мораме да ги преброиме парите, а пред тоа да оставиме депозит. Во секој момент во касата мора да има најмалку 5.000 динари, а додека броиме ни најмалку не помагаш со твоето дофрлање и упаѓање.

извор

13 јануари 2017 - 15:06