Црвениот крст има причини да црвенее

Додека драстично не го поправи начинот на кој работи и ги троши средствата, не донирајте во Црвениот Крст, порачува Gawker пренесувајќи го поразителниот извештај за функционирањето на угледната хуманитарна организација во САД.

Каде да се донираат пари и друга помош во време на кризи и катастрофи знае да биде мачна одлука бидејќи човек се прашува преку која организација неговата помош би била најефикасно доставена. Според угледот и историјатот, Црвениот крст се чини како безбедно решение.

Така мислеле и Американците по разурнувачките урагани Сенди и Исак, ама, погрешиле.

Иако својата ролја во хуманитарните интервенции сами си ја оценија како "речиси безгрешна", критики дојдоа од многу страни, меѓу кои и од Бери Ритхолц од Блумберг (не ставаме линк пошто им ветивме) кој посочи дека организацијата како змија нозе крие каде и како ги потрошиле парите за оваа намена. Притоа дури тврделе и дека финансиските аспекти на нивните операции биле деловна тајна.

Последниот извештај заеднички изработен од луѓе во ProPublica и NPR е уште позасрамувачки и констатира "зачудувачка некомептентност и залудност" на иконичната глобална организација за помагање на луѓето.

Во нивниот извештај насловен како "Тајната катастрофа на Црвениот крст' кој бил изготвен врз основа на внатрешни преписки во организацијата и мислење на експертите, се наведуваат и следниве сознанија:

За време на ураганот Исак, супервизори на Црвениот Крст наредиле иако биле празни, нивни камиони да парадираат наоколу, само колку да бидат видени.

 

На волонтерите им било речено да бидат присутни и да изгледаат како да се дојдени да помагаат. Овие што тоа го наредиле очекувале контрола од високите кругови на Крстот па сакале да ги импресионираат претпоставените со нивото на активности.

 

За време на Сенди, возила за Брза помош биле повлекувани од местата на кои биле најмногу потребни за да се најдат за потреби на прес конференции.

 

Во засолништата на исти места биле сместувани и деца и луѓе со дебели досиеа од сексуален криминалитет.

 

Во една прилика, Црвениот Крст морал да фрли десетици илјади оброци бидејќи не можел да најде луѓе на кои им е потребна храна.

 

Целиот извештај тука.

30 октомври 2014 - 13:01