Берни Мадоф направи монопол и во затвор

Одлежувајќи ја 150-годишната казна за повеќе милијарди вредната измама, во која крадеше од богатите и си даваше на себе, Мадоф успеал да монополизира дел од пазарот на црно во затворот Бутнер.

"Во еден момент тој го држеше целиот пазар за топло чоколадо. Ги купи сите пакетчиња Свис мисс од затворската продавница и го продаваше во затворскиот двор... Ако сакаш топло чоколадо, за тоа мораше да одиш преку Берни," објаснува Стив Фишман, водителот на Понзи супернова.

И покрај ваквото однесување, Мадоф не изгубил ни најмалку на популарност меѓу останатите затвореници кои и понатаму се воодушевени од него.

"Тој е ѕвезда во затвор. Тој украде повеќе пари од кој и да е во историјата, и за останатите затвореници, тоа го прави херој," објаснува Фишман, кој опширно разговараше со Мадоф кога ги пишуваше текстовите за него во Њујорк магазин.

Новинарот забележал и дека затворениците редовно го консултирале Мадоф за купување и продавање акции, како и за други финансиски совети. Во 2011, снаата на Мадоф, Стефани Мадоф Мек, објави една кореспонденција со него, во која таа огорчено му ги објаснува сите работи што тој ги пропушта моментално во животот, на што Мадоф одговорил "напротив, тука сум ѕвезда" и дека другите затвореници го третираат како мафијашки дон, и дека го нарекуваат "вујче Берни" или "г-дин Мадоф."

"Не можам да пуштам чекор некаде, а некој да не ми довикне, да ме поздрави или да ме охрабри, да бидам ведар. Навистина е слатко кој сите се грижат да ми биде добро," напишал Мадоф во писмото.

Трагичната страна на писмото од Мадоф Мек, е што тоа следуваше откако нејзиниот сопруг, инаку најстариот син на Берни, изврши самоубиство.

Во мај треба да излезе и филмот за Мадоф со Робер Де Ниро и Мишел Фајфер:

19 јануари 2017 - 11:15