Ананас на пица си е ананас на пица

Исландскиот претседател си допушти да се нашали на сметка на помодарството околу храната па рече најави би забранил да се става ананас на пица. Го стегнаа и ене го, се објаснува. 

Гудни Торласиус Јохансон храбро и отворено го искажа своето незадоволство од користењето ананас како мастраф за пица но сега објаснува дека му е драго што нема политичка моќ да ја спроведе посакануваната забрана.

Соочен со лавина коментари и ржења од јавноста тој мораше дополнително да ги дефинира своите стратешки позиции околу прашањето за ананасот и пицата, инициран минатата недела за време на посета на едно средно училиште. Во муабет со децата тој откри дека навива за Манчестер Јунајтед ама и дека „фундаментално е против“ ставање ананас на пица.

Се опушти, отиде чекор понатаму и рече дека кога би можел би го забранил тоа. 

Пар денови подоцна на Фејсбук мораше да објасни дека нема ништо против ананасот ама дека не сум се допаѓа како полнење за пица кој, патем, ја преферира со морска храна.

"Драго ми е што немам таква моќ да носам забрани за она што мене не ми се допаѓа. Не би сакал да живеам во земја во која тоа се може," рече Јохансон, еден од најомилените претседатели во Европа. 

47 годишниот професор по историја победи лани во јуни и дополнително ги освои симпатиите кога одби 20% зголемување на платата, донираше 10% од неа во хуманитарни цели а стана и првиот претседател во светот кој се придружил на геј парада.

Овој првичен исландски пицагејт сега е стишан ама дискусијата подоцна забегала во правец на тоа дали Јохансен го употребил вистинскиот исландски збор за морска храна.

23 февруари 2017 - 13:40