Алкохолот остана бесплатен во белгискиот парламент

Сложно како во ретко кои прилики, белгиските парламентарци го одбија предлогот за укинување на бесплатното пиво и вино кои ги добиваат за да не мораат да ги напуштаат пленарните седници.

Етичкиот комитет на белгискиот федерален парламент му предложи на спикерот Зигфрид Браке да го укине бесплатниот алкохол кој парламентарците го добиваат веќе 27 години по ред.

Предлогот наиде на масовно противење.

Претседателот на именуваниот комитет мислеше дека забраната за бесплатен алкохол ќе придонесе за подобрување на квалитетот на парламентарните дебати.

"Некои пратеници стануваат многу непријатни кога пијат", рече Дани Питерс потсетувајќи дека бесплатни пијачки не се норма на никое друго работно место.

По консултацијата со координаторите на пратеничките групи, спикерот решил сепак да остане во сила одлуката за бесплатно пиво и вино за законодавците. Со објаснување дека проблем - не постои.

Белгискиот парламент воведе бесплатни пијалоци за парламентарците уште во 1990 година за овие да не ги напуштаат пленарните седници во потрага по алкохол.

23 јануари 2017 - 16:50