Путин: Заврши времето за играње

Најголемиот дел на публиката од неанглиско говорно подрачје го пропушти говорот на Путин на Валдај конференцијата во Сочи пред неколку денови, а најверојатно тие од вас што слушнале за говорот немаа шанса да го прочитаат, и ја пропуштија неговата важност. Западните медиуми дадоа се од себе да го игнорираат или да го извртат неговото значење.

Без разлика што мислите или не мислите за Путин ова е веројатно најважниот политички говор од говорот на Черчил за "Железната завеса" од 5-ти март, 1946-та.

Во говорот, Путин отсечно ги промени правилата на играта. Претходно, играта на меѓународна политика се играше на следниот начин: политичарите прават јавен проглас, со цел одржување на пријатната фантазија за национален суверенитет, ама сето ова е чисто за покажување и нема никаква врска со суштината на меѓународната политика; во меѓувреме, истите тие се вклучени во тајни преговори, во кои се коват вистинските договори. Претходно Путин се обиде да ја игра оваа игра, очекувајќи дека Русија ќе ја третираат како рамноправна членка. Меѓутоа овие надежи беа уништени, и на оваа конференција, тој објави дека играта е завршена, експлицитно нарушувајќи го западното табу со тоа што им зборуваше директно на луѓето преку главите на елитите и политичките лидери.

Рускиот блогер chipstone ги сумираше најистурените поенти од говорот на Путин:

1. Русија повеќе нема да игра игри и да учествува во тајни преговори околу ситници. Меѓутоа Русија е подготвена на сериозни разговори и договори, ако тие придонесуваат за колективна безбедност, се базираат на правичност и предвид ги земаат интересите на секоја страна.

2. Сите системи на колективна безбедност се руинирани. Повеќе не постојат никакви меѓународни безбедносни гаранции. Ентитетот кој нив ги разруши има име: Соединети Американски Држави.

3. Градителите на Новиот светски поредок не успеаа, градејќи песочен замок. Дали ќе се изгради Нов светски поредок не е одлука само на Русија, туку одлука која не може да биде направена без Русија.

4. Русија го претпочита конзервативниот пристап во воведувањето на новитети во општествениот поредок, ама не е против истражување и дискутирање на вакви иновации за да се види дали воведувањето на некоја од нив може да е оправдано.

5. Русија нема намера да лови во матните води создадени од растечката "империја на хаосот" на Американците, и нема никаков интерес во создавање на своја нова империја (ова е непотребно; предизвикот на Русија е во развивање на својата веќе и онака пространа територија). Ниту пак Русија е волна да делува како спасител на светот, како што тоа го правеше во минатото.

6. Русија нема да се обиде да го реформатира светот според сопствениот лик, меѓутоа нема ниту некому да дозволи таа да биде реформатирана по нивниот лик. Русија нема да се изолира од светот, меѓутоа секој кој ќе се обиде да ја изолира од светот може да биде сигурен дека ќе го дочека виор.

7. Русија не сака хаосот да се шири, ниту пак сака војна, и нема намера да започне војна. Како и да е, денес Русија гледа дека избивањето на глобална војна речиси е неминовно, таа е подготвена за ова, и продолжува да се подготвува за ова. Русија не сака војна - ниту пак се плаши од неа.

8. Русија нема намера да зазема активна улога во спречување на оние кои се уште се обидуваат да го создадат нивниот Нов светски поредок - се додека овие напори не почнат да влијаат на клучните руски интереси. Русија би сакала да стои на страна и да ги гледа нив како самите си прават џумки колку што нивните кутри глави можат да издржат. Меѓутоа оние кои ќе успеат да ја вовлечат Русија во овој процес, преку необрнување внимание на нејзините интереси, ќе научат кое е вистинското значење на болката.

9. Во својата надворешна, и, уште повеќе, внатрешна политика, моќта на Русија нема да се базира на елитите и нивните заткулисни игри, туку на волјата на народот.

На овие девет точки би сакал да додадам и десетта:

10. Се уште има шанси да се создаде Нов светски поредок кој ќе избегне светска војна. Овој Нов светски поредок од неопходност мора да ги вклучува Соединетите држави - ама ова може само по исти услови како и за сите останати: субјекти на меѓународното право и меѓународните договори; воздржување од сите унилатерални постапки; и со комплетно почитување на сувереноста на другите нации.

Да го сумираме сето ова: готово е со играње. Деца, соберете си ги играчките. Дојде време возрасните да носат одлуки. Русија е подготвена за ова; дали е и светот?

Автор Клуб Орлов

виа Zero Hedge

---------

Целиот текст од говорот на Путин на Валдај и прашањата и одговорите од пленарната седница

31 октомври 2014 - 11:34