Миљенко Јерговиќ за Фејсбук

Весниците се јавна платформа на низа индивидуални гласови, фејсбук е приватна платформа на која се воспоставува колективно мислење. Фејсбук е плоштад на кој секој може да каже што мисли и секој што го донел својот задник на плоштадот или на Фејсбук има право на мислење, додека весниците би требало да бидат - академија.

Кога сте политичар, особено во демократски запуштена земја, ваше е да тежнеете кон симпатии на што поголем број полнолетни припадници на својата заедница, но кога сте писател, сеедно во каква земја, не само да не требате никому да станете симпатични туку симпатичноста е симптом дека сте утнале со професијата. 

На вистинскиот новинар неговиот читател му се лути. Вистинските весници се оние со кои читателот секое утро се кара, ама, сепак. ги купува. Тоа е разликата меѓу весниците и Фејсбук: На Фејсбук сите се пријатели, дури и кога се хејтери, или баш затоа што се хејтери, додека во весниците пријатели нема, а не би смеело да има ни хејтери. Весниците се сè она што Фејсбук не сака и не може да биде.

Весниците се јавна платформа на низа индивидуални гласови, фејсбук е приватна платформа на која се воспоставува колективно мислење. Фејсбук е плоштад на кој секој може да каже што мисли и секој што го донел својот задник на плоштадот или на Фејсбук има право на мислење, додека весниците би требало да бидат - академија. Би требало, но, за жал, главно не се. Весниците се последната брана на индивидуалното мислење пред јавното мнение. Без весници нема демократија. Без оглед на евентуално уредна изборна процедура, без весници демократијата се претвора во руљократија.

Миљенко Јерговиќ, "Едип на Фејсбук

27 февруари 2016 - 13:49