Јанис Варуфакис

Големото ограбување на грчките банки

Од 2008-ма, спасувањето на банките предизвика значителен трансфер на приватни загуби врз даночните обврзници во Европа и САД. Најновиот пакет за спас на грчките банки претставува предупредувачка приказна за тоа како политиката - во овој случај европската - е насочена кон максимизирање на загубите на јавноста за сметка на несигурна приватна добивка.

Во 2012-та, неликвидната грчка држава позајми 41 милијарда евра (45 милијарди долари, или 22% од опаѓачкиот грчки БДП) од европските даночни обврзници со цел да внесе капитал во неликвидните комерцијални банки. За економија приклештена од неодржлив долг, и придружната спирала на долг и дефлација, новиот заем и ригирозното штедење со кои тие беа предулсовени, станаа нејзин оков.

Во 2013-та, откако траншата од фондовите беше префрлена од ЕФСФ (European Financial Stability Facility ), фондот на еврозоната за спасување, на неговата грчка франшиза, ХФСФ (Hellenic Financial Stability Facility) испумпа речиси 40 милијарди долари во 4 "системски" банки во замена за акции без право на глас.

Неколку месеци подоцна, пролетта 2013-та, беше оркестрирано второто внесување капитал, со ново издавање акции. За новите акции да бидат привлечни за приватните инвеститори, грчката "Тројка" официјални кредитори одобрија тие да бидат понудени по неверојатен попуст од 80% на цените кои ХСФС, во име на европските даночни обврзници, ги плати само неколку месеци претходно. Клучно, на ХСФС не му беше дозволено да учествува во ова, со што на даночните обврзници им се наметна масовно разредување на нивниот удел.

Претчувствувајќи потенцијална добивка на сметка на даночните обврзници, странските хеџ фондови побрзаа да го искористат ова. Ако по некоја случајност се докажеше неправилноста која беше направена, Тројката ја задолжи Грчката влада да ги имунизира членките на бордот на ХСФС од кривично гонење за тоа што не учествувале во понудата на нови акции и заради последователното исчезнување на половина од помошта од даночните обврзници од 41 милијарда евра.

Тројката го славеше интересот на хеџ фондовите како доказ дека нејзиниот пакет за спас на банките инспирирал доверба кај приватниот сектор. Меѓутоа отсуството на долгорочни инвеститори открива дека дотокот на капитал бил чисто шпекулативен. Сериозните инвеститори разбраа дека банките остануваат во сериозни проблеми, и покрај големите инјекции на јавни фондови. Сепак, грчката Голема депресија предизвика раст на уделот на лошите заеми на 40%.

Во февруари 2014, неколку месеци по втората рекапитализација, компанијата Блекрорк објави дека растечкиот волумен на лоши заеми налага значајна трета рекапитализација. До јуни 2014, ММФ протекуваше извештаи дека се потребни над 15 милијарди долари за обновување на капиталот на банките - далеку повеќе пари отколку што беа ставени во вториот пакет за спасување на грчките банки.

До крајот на 2014-та, како што на вториот пакет за спас на Грција му истекуваа фондовите и времето, а Владата враќаше уште 22 милијарди евра нефинансиран долг за 2015-та, кај функционерите на Тројката немаше сомнеж. За да се одржи претставата дека грчката "програма" е на правиот пат, беше потребен и трет пакет за спас.

Како што министер за финансии на новата влада, јас бев решен дека секоја рекапитализација на банките треба да ги избегне стапиците од првите две. Новите позајмици треба да бидат осигурани само откако долгот на Грција ќе стане изводлив, и никакви јавни фондови не треба да бидат инјектирани во комерцијалните банки освен и се додека не се воспостави специјална институција за справување со нивните лоши позајмици.

За жал, Тројкта не е беше заинтересирана за рационално решение. Нејзината цел беше да ја уништи Владата која се осуди да и се спротивстави. И нè уништи со тоа што создаде 6-месечен притисок на банките (редови пред шалтерите, а потоа и банкоматите), затворајќи ги грчките банки во јуни, и присилувајќи го премиерот Алексис Ципрас да капитулира во јули пред третиот заем од Тројката.

Првиот значителен потег беше третата рекапитализација на банките во ноември. Даночните обврзници дадоа уште 6 милијарди евра преку ХФСФ, меѓутоа повторно беа спречени да купуваат акции кои им беа понудени на приватните инвеститори.

Како резултат на ова, и покрај финансиските инјекции од 47 милијарди евра (41 во 2013-та и уште 6 во 2015), уделот на даночните обврзници падна од над 65% на помалку од 26%, додека истовремено хеџ фондовите и странските инвеститори (на пример John Paulson, Brookfield, Fairfax, Wellington, and Highfields) зграбија 74% од имотот на банките за инвестиции од едвај 5,1 милијарда евра. Иако хеџ фондовите изгубија пари од 2013-та, шансата за преземање на целиот грчки банкарски систем за така безвредна сума се покажа како неодоливо примамлив.

Резултат на ова е банкарски систем се уште преполн со лоши позајмици и под удар од континуираната рецесија. И со последната рунда на рекапитализација, цената на одлучноста на Тројката да остане на праксата продолжување-и-преправање пакети на спас, само што стана повисока.

Јанис Варуфакис

16 декември 2015 - 15:57