Една добра и една лоша вест во врска со Македонија

Добрата вест е што Дејвид Камерон (да, тој што е британски премиер) НЕДВОСМИСЛЕНО ја подржува Македонија под уставното име и е БЕЗРЕЗЕРВНО за нејзино влегување во НАТО. Која е лошата вест?

пишува: Дејвид Камерон

Овие луѓе, Македонците, неодамна избегаа од комунизмот и немаат буквално ништо. И како грчката злобност да не беше доволна, Албанците сонуваат за вклучување голем дел од ФИР Македонија во "Голема Албанија", додека Бугарите размислуваат за земјата како за дел од "Голема Бугарија".

Сепак, колку што можам да видам, државата - јас непоколебливо ја нарекувам Македонија - има неоспорно право да постои. Мнозинството од населението го претставуваат Македонците, кои имаат сопствен јазик, култура и историја. Македонија е посиромашна од некои од другите југословенски републики, но е значително побогата од Албанија. Луѓето се цивилизирани, пријателски настроени и високообразовани.

-----------------------

Македонија е можеби мала држава со само нешто повеќе од два милиони души, но е еден од клучевите за балканската стабилност. Исто како и во Босна и на Косово, и тука има етнички тензии, во случајов меѓу мнозинството Македонци и малцинството Албанци. Но, најголемиот конфликт во Македонија беше избегнат преку дијалогот, вмешувањето на меѓународната заедница и свесноста на Македонците, кои ги поддржаа своите политичари кога овие го потпишаа охридскиот договор со кој на Албанците великодушно им беа подарени големи малцински права.

Конфликтот можеше да биде крвав и масовен, во кој Албанија би ги поддржала етничките Албанци, Србија би ги поддржала своите истоверници, ортодоксните христијани Македонците, а Бугарија и Грција ќе беа во постојана опасност од вовлекување во територијални расправии.

Значи, каков е одговорот? Едноставен, навистина. Вклучете ја Македонија во НАТО и гарантирајте и ги нејзините граници.

-----------------------

Лошата вест е што ова, за жал, не е вест. Горенаведените ставови Дејвид Камерон ги запишал пред 11 години, во далечната 2003-та година, за Гардијан.

17 ноември 2014 - 16:38