Брекстремно незавидната позиција на Борис Џонсон

Популарниот Борис Џонсон беше еден од најзаслужните луѓе за Брегзит и би требало да слави. Но, по едно интересно сценарио по кое тој во ниеден случај нема причини за радост. И тоа на Џонсон му е јасно.

Цаката е во тоа што Камерон даде оставка пред да го активира излезното сценарио, односно Членот 50 кој регулира како се одјавува од Унијата. Со таквиот потег тој целата тежина на следните потези им ја остави на своите наследници, особено на Џонсон кој се смета за следен премиер и Мајкл Гоув кој го подржува во тоа и беше влијателен брегзитер.

Според едно сценарио опишано во коментарите на Гардијан, што и да направи во ваква ситуација, политичката кариера на Борис Џонсон е готова.

Ако Борис Џонсон деновиве ви изгледа депресивен, тоа е затоа што знае дека изгубил. Можеби на многумина брегзитерисè уште не им е јасно но тие всушност изгубија и тоа од само еден човек: Дејвид Камерон. Со еден решителен потег тој ги анулираше резултатите од референдумот и истовремено ги уништи политичките кариери на Џонсон и Гоув.

Како?

Камерон во кампањата повторуваше дека гласањето за излегување ќе повлече инстантно активирање на членот 50. Сликата беше јасна, тоа ќе биде сторено дента по евентуално позитивното гласање за напуштање на ЕУ. Со оставката, тој тивко ја напушти оваа позиција и одговорноста му ја префрли на својот наследник.

А тој чекор секој ден станува сè посложен: пазарот, берзата, Шкотска, ирската граница, гибралтарската граница, прилагодување на ЕУрегулативите за слободен пазар, пасоши, Британците во странство, Европјаните во Британија, цели планини законодавство кое треба да биде згужвано и повторно напишано.... 

Кој би сакал да ја преземе одговорноста за сето тоа на свои плеќи? На Борис Џонсон му беше јасно сето ова, кога нерасположен излезе на прес конференција. Дека е надитрен и матиран од Камерон.

Ако влезе во борба за лидерство на партијата и се сопне на членот 50, готов е. Ако не се трка и ја напушти таа битка, готов е. Ако се трка, победи и потоа ја извади Велика Британија од ЕУ тогаш е сè готово - Шкотска ќе се одвои, Ирска ќд се крене на нозе, рецесија, прекршени трговски договори....

Лидерите на Брегзит сега имаат резултат кој не можат да го искористат. За нив, лидерството на Ториевската партија станува отровен пехар.

Кога Борис Џонсон рече дека нема потреба за брзо активирање на Членот 50, тој реално мислеше да каже "никогаш". Кога Мајкл Гоув ќе најави "неформални преговори"... зошто? зошто не веднаш формални?.... тој исто така заговара неактивирање на заминувањето. Обајцата знаат што ќе значи официјалниот допис до Брисел: чекор од кој нема враќање и чекор кој ниеден од нив не е подготвен да го направи.

Сето тоа останува на некој кој ќе има доволно храброст да се исправи и да каже дека Брегзит е неостварлив без огромни жртви и деструкција кои не смеат да се дозволат. А Дејвид Камерон тоа галантно им го препушти на оние кои ја водеа кампањата за Брегзит.

27 јуни 2016 - 09:53