PARK RESIDENCE им пружи поддршка и помош на настраданите од поплавата

Park Residence денес се вклучија со донација на средства за настраданите во поплавите како еден вид помош, но и апел до сите што се во можност да донираат нешто што за некого е малку, а за нив е се.

„Најпрво би сакала да изразам сочуство на семејствата на настраданите и сите кои ги изгубија своите домови. За жал овие катастрофи носат големи штети врз сите нас. Парк Резиденс e компанија која е дел од повеќе активности од општествено одговорен карактер, па така и денес сме присутни овде со придонес кој ќе биде од помош за настрадините.“ – изјави Нина Шерифовска, извршен директор на комплексот Парк Резиденс.


Беа донирани повеќе видови неопходни средства кои ќе придонесат во справувањето со големото невреме кое остави стотици луѓе без своите домови, а однесе и жртви. Park Residence ќе продолжи и понатаму да ги следи случувањата, и да им помага на настраданите со цел побрзо да се среди штетата која беше нанесена од големата временска непогода.

(комерцијален текст)

 

11 август 2016 - 08:40