Ново приватно здравствено осигурување на македонскиот пазар

Кога е во прашање здравјето, нема простор за дилеми дека тоа треба да е на прво место во животот. Здравјето влијае врз сите животни одлуки и дејствувања на приватно или на професионално ниво, па затоа и треба да се негува и да се внимава да не се загрози.

Од професионален аспект, добрата здравствена состојба е предуслов за позитивни резултати и е клучен фактор за успех кој е подеднакво важен и за вработените и за работодавците. Меѓутоа, со успехот на професионален план и напредокот на работното место, се зголемува и обемот на работа, а со тоа и обврските и стресот. Стресот е една од најчестите причини за нарушување на здравјето. Сите ние сме во поголемиот дел од времето под стрес, а како резултат на тоа, незадоволството и анксиозноста се сѐ поголеми, а мотивацијата е сѐ помала.

Многу често редовните превентивни здравствени прегледи и останатите интервенции може да бидат комплицирани и да одземаат значителен дел од работното време, што доведува до ситуации во кои потребата да се посети лекар често се занемарува од страна на вработените, така што здравјето се остава на последно место на листата на обврски.

Затоа одговорните работодавци треба да се грижат за здравјето на своите вработени преку дополнителни здравствени бенефити и осигурителни пакети кои обезбедуваат поквалитетна здравствена заштита. Една од највредните инвестиции на работодавците во своите вработени е обезбедување здравствено осигурување кое е брзо, ефикасно и, пред сѐ, практично.

Колективното приватно здравствено осигурување е осигурување кое ги исполнува сите критериуми за брзо и непречено лекување, а во исто време претставува голем мотивациски бенефит за вработените. Овој тип осигурување нуди подобра и посигурна здравствена грижа и можност за работодавците да ги осигурат своите вработени со покритие во сите приватни здравствени установи и приватни болници.

Во Македонија досега не беше достапно Колективното приватно здравствено осигурување, но од неодамна единствената осигурителна компанија која нуди вакво здравствено осигурување е "Еуролинк".

Колективното приватно здравствено осигурување на „Еуролинк" опфаќа покритие до 6.000 евра, болничко лекување со или без хируршки интервенции, трошоци за вонболничко лекување, вклучувајќи сеопфатна и најмодерна дијагностика, специјалистички прегледи, лабораториски анализи и тестови, можност за превентивни прегледи по избор на корисникот, користење болничко возило, трошоци за итно стоматолошко и офталмолошко лекување, како и можност за осигурување дополнителен ризик - породување.

Основа на успехот на една компанија се задоволните и, пред сѐ, здравите вработени. Затоа една од најважните задачи на секој одговорен работодавец е здравјето на вработените секогаш да има висока позиција на листата на приоритети во бизнисот.

(комерцијална објава)

3 мај 2016 - 15:57