Најпознатиот ден за шопинг се одбележува и кај нас: Овој петок попусти и до 70% во Skopje City Mall

Скопје (25.11.2015)Black Friday e најголемиот и најпознатиот ден за шопинг во историјата на нашата планета. Единственото значење на последниот петок во ноември, 27-ми, е шопинг манијата се големите попусти и можноста секој да може да го купи она што го сака по евтини цени какви што не можеме да сретнеме во текот на целата година.

Налик на светските метрополи и Скопје веќе традиционално го зафаќа Black Friday, кога на 27ми ноември Skopje City Mall се вклучува во шопинг манијата препознатлива низ светот, која всушност е најава за новогодишните празници и популарните предновогодишни активности.
Повеќе од 90 продавници од 10:00 часот па до полноќ во петок, вклучувајќи ги и најатрактивните брендови во Skopje City Mallкоипокрај актуелните попусти кои ги имаат во моментов, ќе понудат и специјални Black Friday попусти кои ќе се движат од 10 до 70 отсто.
Минатата година најпопуларниот ден за шопинг на светот во нашиот најголем мол помина со преполни продавници и ходници, како и задоволи посетители и купувачи. Од Скопје Сити Мол велат дека и оваа година се е подготвено во петок на 27ми потрошувачите да уживаат во шопинг по светски стандарди.

(комерцијален текст)

26 ноември 2015 - 15:33