Каде сте Македончиња?

На ниво на Европа, ниту Германија, ниту Швајцарија, туку Италија е земјата во која има најголем број македонски иселеници (Македонец по основа на пасош од Р. Македонија).

Бројките се од Еуростат и се базираат на пописите низ Европа од 2011-та. Во оваа бројка не се влезени луѓето на црно.

Топ 5 дестинации за Македонците се:
- Италија - 73.400
- Германија - 55.600
- Швајцарија - 44.588
- Австрија - 18.626
- Словенија - 8.861
(а ако ви затреба во живот, имаме и 22-ца на Исланд.)

Од соседите, од Албанија најмногу има во Италија 451.000(а Кинези има само 190.000), Бугарите најмногу одат во Шпанија (129.000), најмногу Срби има во Австрија (122.465), а Грците и покрај сите лоши зборови ја населуваат Германија (291.950). Кога сме кај Германија, во земјата има 1,52 милиони Турци (жители со турско државјанство).

Целата мапа тука

26 септември 2014 - 18:08