Четиридневна журка по повод четвртиот роденден на Скопје сити мол

Голема роденденска фешта се подготвува во Скопје сити мол по повод четвртиот роденден на ова пулсирачко собиралиште и актуелно градско јадро.

Динамична и возбудлива роденденска атмосфера ги очекува потрошувачите од 1 до 4 октомври со многу големи попусти, музика и настапи, подароци, бесплатни коктели и слатки, магионичари, пантомимичари, жонглери, артисти и сé што гарантирано ќе обезбеди многу возбуда за време на четиридневниот роденденски фестивал.   

На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје сити мол посетителите ќе може да уживаат во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети, а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20.30 часот. Нејзе со свој настап ќе и претходат култните Нокаут од 18.30 часот, но авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.

За најмалите се организирани креативни работилници за цртање на керамика и изработка на уникатни предмети и украси во игротеката Имагинариум, а дополнително Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското издание на City Mall магазинот од посетителите кои ќе дојдат на 1 октомври во Скопје Сити Мол.

Скопје сити мол во овие четири години успеа да стане актуелно собиралиште што им понуди на Скопјани нов начин на живот и редефиниција на она што до сега значеше колективна забавна и шопинг содржина, омилено место за квалитетен урбан живот и комплекс што понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше во мирување.

(комерцијален текст)

27 септември 2016 - 11:21