1956 - 2015

Збогум Бојс

Ни беше инспирација, ни беше ди-џеј, ни беше Бојс. Замина Драган Каранфиловски, човекот кој за љубов пркосеше и на морски длабини и на римски легии.

Роден во Сараево, израснат со Мадригали, Бојс растура во македонската музика како пејач и автор на песни, од неговите Опасно сум вљубен во тебе, Валерија, Лулај ме нежно, Весела Романтика, па до Јануарска ноќ за Хаџиманов, Евровизиската 100% те љубам за ИксИксЕл, и Наташа од трето три...

Ни беше чест што го знаевме, и благодарни сме му за тоа што ни го остави. Mу посакуваме мирна пловидба.

Последното појавување на Бојс на телевизија и последната Валерија:

28 мај 2015 - 15:08