Зошто никогаш не треба да ги читате коментарите

Теоретски интернетот е фантастична алатка за секој медиум и новинар затоа што ти помага (пред се преку коментарите) да разговараш со публиката, а не само да и кажуваш нешто. Практично, секој има видено колку вредат коментарите на интернет.

"Авторите брзо учат дека коментарите обично се тажно место, корисно да видиш дали читателите ти нашле грешка или пропуст во твоите аргументи, ама не и добро место за да се задлабочиш или да најдеш други одговори," објаснуваат од Прајсономикс.

До сега нивното искуство е дека луѓето коментираат на статии без воопшто да се заинтересираат за да го прочитаат целиот текст и најчесто коментарите се базираат на прочитан наслов или се одговор на некој претходен коментари.

Иако признаваат дека нивната перцепција за публиката и коментарите е комплетно субјективна, тие се повикуваат на истражување објавено во Тајм магазинот. Во него се заклучува дека посетителите кои читаат повеќе и подолги статии на интернет многу малку споделуваат на Фејсбук и твитаат, во споредба со ние чии твитови се базирани на малку повеќе од прочитан наслов.

15 април 2014 - 13:39