Војната за тоа кој беше Стив Џобс

На Волтер Исаксон му беше доверено да ја напише официјалната биографија за Стив Џобс. Книгата беше спектакуларен успех, се продаде во милиони примероци, и по пат го прослави и Исаксон. Меѓутоа приватно, најблиските на Џобс не беа задоволни од тоа како е прикажан основачот на Епл.

Впечатокот на блиските е дека портретот на Исаксон премногу се фокусирал на "најлошото однесување на ЦЕО-то на ЕПЛ, и не успеал да го прикаже погледот од 360 степени на човекот кој тие го познавале."

"Иако книгата дава обилни докази за талентот и достигнувањата на Џобс, милиони читатели ја завршија верувајќи дека тој може да биде опишан со збор кој се римува со 'gas hole.' По ова следуваше јавна дебата за прашањето дали поседувањето на отровен карактер (што беше генерално толкување на описот што го даде Исаксон) е предност или хендикеп за човек кој избрал темелно да ги поремети постојните бизнис модели со својата визија и фантазија," пишува Валт Мосберг за Бекченел.

Во февруари годинава, Њујоркер прави профил за Џони Ајв, кој објаснува дека острите критики на Џобс за неговите вработени не се лични напади туку "едноставно резултат на нестрплива искреност." Што се однесува до книгата на Исаксон, Ајв изјави "мојата почит за книгата не може да биде помала."

Незадоволството со портретот од Исаксон, кулминира со книгата на новинарот Брент Шлендер, Станувајќи Стив Џобс, која во основа е анти-Исаксон книга. Шлендер е еден од новинарите со кои Џобс има најблиска соработка и лично се познава. За книгата на Шлендер меѓу другите зборуваат и Тим Кук, Џони Ајв, ЦЕО-то на Пиксар Ед Катмул, и вдовицата на Лорен Џобс. "Ретки интервју кои изгледа како да беа дадени за да се израмнат долговите (со Исаксон)."

(Авторот на текстов, Мосберг, е еден од тројцата новинари со кои Џобс има блиска соработка. Другите двајца се авторот на книгата, Шлендер и Џон Маркоф од Њујорк Тајмс).

"Сите ние (тројца) имавме шанса да го гледаме Џобс како еволуира од космички дрзок бунтовник во своите 20-ти, до лидер на една од најважните компании во светот во своите 50-ти . Меѓутоа како што е објаснето во книгата, Шлендер имал многу поблизок контакт со Џобс...

... Веројатно ова е близината која го доведува Шлендер до соработката со внатрешниот круг на Џобс. Судејќи од цитатите што членовите му ги имаат дадено на авторот, се гледа дека тие прилично многу ја мислеле книгата на Исаксон додека ги кажувале анегдотите за Џобс," пишува Мосберг.

За првата книга, Мосберг признава дека од над 40-те интервјуа што Исаксон ги имал со Џобс, тој дознава многу нови детали за Џобс. Дополнувајќи дека книгата на Исаксон апсолутно го пренесува гласот на Џобс, и дека "никој не тврди дека Исаксон ги измислувал настаните."

За втората книга Мосберг објаснува дека дури во неа сфаќа што му недостасувало, и дека таму ја "препознава комплексноста и топлината што од прва рака ја видел кај Џобс, посебно во последните години од неговиот живот."

"Ако сум присилен да ја сумирам (книгата на Шлендер) во простор од еден твит, тоа би бил цитат од неговата книга за Џобс:

'Тој можеби е кретен, ама никогаш шупак.'" објаснува Мосберг.

28 март 2015 - 16:26