Северна Кореја има само 28 веб-страни

На светско ниво има над 140 милиони чисти .com или .net домени, плус тука се милиони и милиони веб-страни што завршуваат со доменот на земјата, пример .mk за Македонија, .cn за Кина или .de за Германија. На доменот .kp регистрирани се вкупно 28 домејни.

Инфото е сосема случајно откриено откако северно-корејските администратори ја грешат конфигурацијата на домејн серверот, и оставаат неговата содржина да биде достапна за секого што знае да ја извади.

Иако и претходно никој немаше грандиозни очекувања од интернет сферата во Северна Кореја, сепак никој не ни претпоставува дека бројот на сајтови ќе биде помал од 50.

Процената е дека најголемиот дел од сајтовите се банални, и дека се само дел од пропагандата. На пример на сајтот на официјалниот весник на северно-корејската комунистичка партија, има вести и наслови како Ким Јонг Ун им испраќа честитки на професорите, или дека криминалот поврзан со наркотици бележи раст меѓу јужно-корејската младина.

Меѓу сајтовите има нешто налик клон на Фејсбук, кој се води под домејнот friend.com.kp, portal.net.kp e клон на Јаху, и нешто како клон пиратскиот сајт movie4k, кој таму е достапен под korfilm.com.kp.

Откако списокот со корејските сајтови беше објавен, најголемиот дел од нив паднаа заради неочекуваниот сообраќај од надвор од земјата.

22 октомври 2016 - 13:34