Порно бројките од 2016

Иако останува тоа дека никој не гледа порно, годинава само на Порнхаб се изгледани 91,8 милијарди (милијарди!) видеа. Сервисот стримал 99 гигабајти во секунда, или 3100 милијарди гигабајти во цела 2016.

За 2016 Порнхаб има 23 милијарди посетители, или 64 милиони посетители на ден, или 44.000 на минута. Вкупно во минутажа изгледани се 4,6 милијарди часови порно, што броено во векови изнесува 5246 столетија.

Најмногу посети на Порнхаб пер капита, имаат САД кои стигаат до 221 импресија (преглед / пејџ вју) по глава на жител, за второ место крајно успешно се изборува Исланд, со 202 импресии. Релативно студените земји доминираат со топ 10, па на трето е Британија, 4-та е Канада, Ирска е 6-та, Норвешка е на 7-мо, Шведска на 9-то, а Холандија на 10-то. Од топлите земји ги има само Нов Зеланд и Австралија кои се на 5-то односно 8-мо место.

По вкупно потрошен сообраќај, убедливо на прво место остануваат САД, зад нив повторно се Британците, а Канада и го зазема 3-то место на Индија, која пак паѓа на 4-то. 5-ти се Јапонците.

По минутажа на посета на Порнхаб најистрајни се Филипините (12 минути и 45 секунди), па Јужна Африка (10:46), па САД (10:15), Канада (9:49), Австралија (9:44). Просечната посета на сајтот во 2016 расте за 16 секунди и изнесува 9 минути и 36 секунди.

Топ 5 пребарувани изрази на Порнхаб за 2016 се: lesbian, step mom, MILF, teen, step sister. Додека по категории најотворани се: lesbian, teen, ebony, MILF, anal.

Иако најчест термин за гледање порно на сајтот е од 22 до 01 часот, првата гужва на Порнхаб е од 15 часот па некаде до 18 часот.

Најпребарувани имиња на Порнхаб за 2016 се: Лиса Ан, Миа Калифа, Ким Кардашијан, Рајли Рид, Сани Леоне. На списокот на најпребарувани првото машко е дури на 26 место.


Поделено по полови разликите во сурфање порно се следни:

 

По држави деталната сметка изгледа вака:

Сите бројки тука

9 јануари 2017 - 10:41