Офф.нет оди на HTTPS

Некаде пред почетокот на летните одмори, сајтот ќе го префрлиме на https протокол. Затоа што е така подобро за сите и затоа што натаму оди светот. Читателите не треба ништо да менуваат, маркетинг агенциите - да. Затоа даваме фора.

Заради генерално сечија подобра безбедност и новитети воведени со новите верзии, нашиот портал за некое време ќе премине од стариот HTTP протокол на побезбеден HTTPS протокол (тоа  „S“ е за “secure“).

Тој протокол (горе кај адресата означен со зелено катанче) е своевиден приватен и директен тунел меѓу сајтот и читателот, тунел во кој не можат да се уфрлуваат неповикани гости, кои и да се. 

Промената е потребна заради сè пониската безбедност што ја нуди обичниот HTTP протокол, како и заради најавите дека новите верзии на Гугл Хром, сите сајтови кои не се HTTPS ќе се идентификуваат како - небезбедни. Проблеми со HTTP веќе пријавува и Мозила.

Ова им го препорачуваме на колегите кои имаат портали и особено на адвертајзинг агенциите кои што побрзо треба да направат промени на серверите од кои ги испорачуваат рекламите. Неопходно е тие  сервери да бидат надградени на HTTPS протокол, инаку сајт со комплетна HTTPS имплементација (како нашиот) нема да може да испорачува реклами од сервери кои се само со HTTP.

Меѓу другите ќарови од HTTPS се и:

- заштита на интегритетот на веб порталите
- значително поголема безбедност
- поголема приватност на посетителите
- подобрување на SEO рангирањето
- неопходен е за воведување нови веб технологии како препознавање на геолокација на ниво на браусер, service workers, пристап до разни влезни уреди како микрофон и камера (со согласност на посетителот)...

Бесплатни SSL сертификати:
- https://letsencrypt.org/

Повеќе може да прочитате на следните линкови:
- https://blog.hubspot.com/marketing/enable-https-on-your-website
- https://https.cio.gov/everything/
- https://developers.google.com/web/fundamentals/security/encrypt-in-tran…

„С“ е за - сега му е мајката.

26 април 2017 - 10:51